Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „се случило страшно злосторство во Сребреница“ во 1995 година, но дека на „српските власти“ не им е местото таму, сè додека не бидат гонети напаѓачите, што пред години го нападнаа тогашниот премиер Александар Вучиќ.
„Додека не бидат изведени пред лицето на правдата сите што го нападнаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тогаш премиерот, кој отиде во Сребреница да изрази почит кон жртвите и бошњачкиот народ, не гледам дека ние, официјалните лица, треба да одиме таму“, изјавила Брнабиќ за ТВ „Прва“.
Таа посочила дека е „скандал“ никој да не одговара за нападот врз животот на Вучиќ, што би значело дека такво нешто може да се повтори.
„Изразувам големо жалење за страшното злосторство во Сребреница и немам проблем да покажам почит кон сите жртви“, рече Брнабиќ.
Таа истакнала дека е нормална пракса некој да одговара за напад врз службеник на друга држава.
„Само сум изненадена што го игнорираат. Очигледно е дека се ќе остане така “, изјавила Брнабиќ.