Брнабиќ за Црна Гора: Мала земја, а силна мафија

од Nikola Popovski
258 прегледи

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјавила дека е неверојатно што во Црна Гора како мала земја да има толку силна мафија и организиран криминал, а да не биде одобрен од некој од врвот на таа земја.

Таа одговори на прашањето на новинарите дали верува во она што го кажал српскиот министер за полиција Александар Вулин дека има информации дека шефот на кавачкиот клан има свој политички шеф кој е поврзан со земјата блиска до Србија, укажувајќи на Мило Ѓукановиќ и дали ова се информации на Европол или српските разузнавачки служби и дали таа верува во тоа.

Бранбиќ појаснила дека нема директни сознанија за тоа, ниту докази, но дека се сомнева.

„Мислам дека секој разумен човек се сомнева, бидејќи неверојатно е во толку мала земја да имате толку силна мафија и организиран криминал, без тоа да биде одобрено од некој од врвот на државата“, одговорила кратко премиерката на Србија.

Слични содржини