240
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ зборувала за тоа околу откажувањата, односно поместувањето на состаноците на претседателот Александар Вучиќ. Таа рекла оти го фатил грип и дека му е ослабнат имунолошкиот систем поради сите напори и стресови.
– Разговаравме до доцна во ноќта. Тој, за жал, не мирува, би сакала малку повеќе да одмора. Под ужасна тензија е сега околу се што се случува на КиМ. Мислам оти со ноќи не спиел, го фати грип – рекла таа на ТВ Хепи.