Брнабиќ: Брисел и Вашингтон ги слушаат Србите само кога се на барикадите

од Radmila Tasevska
192 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денес изјави дека Брисел и Вашингтон ги слушаат Србите само кога се на барикадите на Косово и Метохија, па дури и тогаш не баш добро.

„Тие се на барикадите затоа што бараат основни човекови права и ништо повеќе. Тие ги напуштија институциите само затоа што по речиси десет години бараа почитување на Бриселскиот договор и основните човекови права“, рече Брнабиќ во гостување на РТС.

Таа додава дека, бидејќи премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, вели дека нема бриселски договор, не знае што е проблемот доколку Србите од Косово и Метохија ги напуштат институциите на Приштина. Премиерката посочува дека е длабоко разочарана од меѓународната заедница.

Слични содржини