Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се огласи на својот Твитер профил по повод смртните закани кон претседателот Александар Вучиќ, кои беа упатени за време на протестот на неколку стотици членови на проруските екстремистички и клерофашистички организации во Србија, кои се собраа пред Претседателството во Белград.
„Газете српското знаме, се повикувате на друга држава, се заканувате дека ќе го убиете претседателот на Србија. Знајте дека и Александар Вучиќ ве штити, заради стабилноста. Да не беше така, вечерва ќе ви посакаа добредојде десетици илјади членови на Српската напредна странка. Вие му се заканувате, а тој ве штити поради Србија. Несреќни ‘херои’“, напиша Ана Брнабиќ.
Газите српску заставу, позивате се на другу државу, претите убиством @predsednikrs. Знајте да и вас штити @avucic, зарад стабилности. Да није тако, дочекало би вас вечерас десетине хиљада чланова @sns_srbija. Овако, ви њему претите, он због Србије вас штити. "Јунаци" несрећни.
— Ana Brnabic (@anabrnabic) February 15, 2023
Да потсетиме, од протестот беа упатени закани до претседателот Вучиќ.
Екстремистите во еден момент ја урнаа оградата пред Претседателството, каде ги пречека полициски кордон, а потоа се упатија пред полициската станица во Мајке Јевросиме, каде полицијата исто така ги спречи да влезат во зградата, пренесува „Блиц.рс“.