Бројот на загинати во несреќата која се случи при падот на хеликоптерот во градинка во градот Бровари во Украина се искачи на 14, јавува „Ројтерс“.
Ова го соопшти Украинската служба за вонредни ситуации и додаде дека меѓу жртвите има и едно дете.
Иако локалните власти претходно објавија дека бројот на загинати е 18, Зеленски рече дека точниот број се уште не е утврден.
Меѓу загинатите е и министерот за внатрешни работи на Украина.