134
Најмалку 10 лица загинаа, а 58 се ранети во денешниот руски напад врз украинскиот град Херсон, соопштија локалните власти.
Киев го опиша овој напад како „убиство од задоволство“, а украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографии на кои, според Ројтерс, се запалени автомобили, скршени прозорци и тела.
„Социјалните мрежи најверојатно ќе ги означат овие фотографии како „чувствителни содржини“. Но, ова не е чувствителна содржина, ова е реалниот живот на Украина и Украинците. Тоа не се воени објекти, туку терор, убивање за забава и задоволство“, рече Зеленски.