Брод под руско знаме го започна својот увид на гасоводот „Северен Тек“

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Брод под руско знаме изнајмен од „Норд стрим АГ“, оператор на гасоводот „Северен тек 1“, за првпат спроведува истрага во областа на Балтичкото Море каде што беше оштетен гасоводот, соопшти денеска шведската морнарица.

„Во моментов го делиме истиот простор и комуницираме едни со други. Тој конзорциум пред извесно време посочи дека сака да спроведе истрага на местото на експлозијата“, изјави портпаролот на шведската морнарица за „Ројтерс“, додавајќи дека од „Норд стрим АГ“ е одговорено дека „вршеле само подводно снимање и за тоа не е потребна дозвола од нас“.

Шведските и данските истражни власти заклучија дека четири истекувања на гас од „Северен тек“ биле предизвикани од експлозии минатиот месец, но не кажаа кој би можел да биде одговорен.

Светските лидери се согласуваат дека ова е чин на саботажа.

Слични содржини