Брод со повеќе од 11.000 тони украинска пченка пристигна во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Турското министерство за одбрана денеска соопшти дека брод со повеќе од 11.000 тони пченка од Украина пристигнал во Турција, јавува агенцијата Анадолија.

Бродот „Фулмар С“, кој плови под знамето на Барбадос, се закотви во пристаништето Алшањак во провинцијата Измир на западот од земјата.

Од Министерството соопштија дека бродот ќе биде на пристаништето три дена, со цел да се извршат контроли и да се истоварат 11.730 тони пченка. „Фулмар С“ исплови од Черноморск во Украина на 13 август, пренесува „Бета“.

На 22 јули, Обединетите нации, Украина, Турција и Русија потпишаа договор за обновување на снабдувањето со украинско жито од црноморските пристаништа Јужни, Черноморск и Одеса.

Испораките ги надгледува заедничкиот координативен центар во Истанбул, во кој учествуваат претставници од ОН и од трите земји.

Слични содржини