Бродовите на НАТО влегоа во Балтичкото Море

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Бродовите на првата постојана поморска против-минска група на НАТО влегоа во Балтичкото Море и ќе учествуваат во вежби со соседните земји на Алијансата и партнерските земји, соопшти денеска прес-службата на Генералштабот на естонските одбранбени сили.

„Бродовите на првата постојана поморска анти-минска група на НАТО SNMG1 влегоа во Балтичкото Море. Групата се состои од пет бродови“, се вели во соопштението, пренесе РИА Новости.

Некои од бродовите впловија во Балтичкото Море во четврток, а останатите бродови денеска ќе пристигнат во Талин.