194
Бројката на оздравени пациенти во земјава, надмина 80.000 пациенти.
Според последната денешна статистика од Министерството за здравство, досега вкупно од Ковид 19 се заразија 91.555 лица, од кои 2.821 ја загубија битката, а активни случаи се 8.726.
Ова е значително помал број од вториот пик кој есента ја зафати С.Македонија, но се уште нашата земја е фактор „ризик“ кога станува збор за трансмисија на коронавирусот.
За потсетување, денешната статистика говори за 394 новодијагностицирани пациенти, 387 оздравени, додека деветмина ја загубија битката во изминатото деноноќие.