Бројките сè уште растат: Меркел ја зајакнува корона блокада на Германците? 

од Берта Китинска
148 прегледи

Германија е на работ на уште поригорозна блокада. Веќе скоро седум дена во оваа земја се на сила посебни мерки кои, очигледно, не даваат резултат, па затоа се размислува за воведување на уште подрастични мерки.
Бидејќи бројот на пациенти расте од ден на ден, владата размислува какви чекори може да се преземат за да се спречи понатамошното ширење на пандемијата.

– Не треба да зборуваме за олеснување на мерките, но веројатно ќе мора да ги заостриме и нив – кратко изјави канцеларката Ангела Меркел за време на виртуелниот состанок со претседателството на ЦДУ, пренесува РТЛ.

Да потсетиме, Меркел донесе одлука Германија да влезе во делумна блокада на 2 ноември, што значи затворање на ресторани, барови, кина, театри и други слични објекти за четири недели.

Објавувајќи ги мерките, канцеларката им порача на граѓаните да ги намалат контактите и рече дека приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства, а училиштата и градинките ќе останат отворени.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан уште еднаш предупреди на опасноста здравствениот систем на земјата да не може да се справи со бројот на пациенти доколку стапката на инфекција со вирусот корона продолжи да расте.

Ако има, како што видовме минатата недела, приближно 20.000 нови регистрирани инфекции на ден, со околу два процента од случаите да одат на интензивна нега, тоа е 400 лица на ден, објави Гардијан.

Бидејќи пациентите остануваат на интензивна нега 15 дена, ќе бидат исполнети околу 6.000 кревети во одделите за интензивна нега.

Здравствениот систем може да се справи со ваквите бројки, но исто така би бил проблем и надвор од тоа, рече тој во интервју за видео каналот на германскиот таблоид „Билд“.

Спан исто така посочи дека околу 40 проценти од Германците се сметаат за ризична категорија, имајќи предвид дека по Јапонија, Германија има најстара популација во светот, со 23 милиони луѓе постари од 60 години и голема стапка на дијабетес, дебелина и лица со висок крвен притисок.

Слични содржини