Политичарите се почесто зборуваат за враќање на луѓето кои немаат право да останат во Германија во нивните земји на потекло. Во споредба со претходната година, статистиката на депортации од Германија покажува јасни промени, пишува dpa.
Бројот на депортации е зголемен во првите девет месеци од годинава за повеќе од 20 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.
Од јануари до септември вратени се 14.706 лица, покажуваат податоците на полицијата. Лани во исто време биле евидентирани 12.042 депортации.
Тоа значи дека се вратиле повеќе од 2.600 лица повеќе од лани, што е зголемување за 22 отсто.
Според германското МВР, земјите во кои отишле депортациите биле главно Грузија, С. Македонија, Австрија, Албанија и Србија.
На крајот на август, Германија депортираше луѓе во Авганистан за прв пат откако Талибанците дојдоа на власт во 2021 година. Со авион се вратени 28 осудени криминалци.
„Наскоро ќе има уште депортации во Авганистан“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер пред неколку недели.
Се размислува како да се организира депортација на осудените во Сирија.