Бројот на корисници на WhatsApp расте и покрај новите правила

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Апликацијата WhatsApp немаше идеален почеток во 2021 година, но бројот на корисници сè уште расте.

На самиот почеток на годината, апликацијата во сопственост на Facebook налути стотици илјади корисници известувајќи ги за планираните измени на правилата за употреба. Незадоволството расте, а некои познати личности реагираа, па почнаа да се интересираат за конкуренти како Signal и Telegram.

Дури и владата во Индија изрази загриженост, а WhatsApp потоа ја разјасни ситуацијата и ги увери корисниците во неколку наврати, а исто така го одложи рокот за спроведување на планираните измени на правилата за три месеци. Тековниот рок е многу близу, а тоа е 15 мај.

Сепак, повеќето информирани корисници на WhatsApp веќе го прифатија ажурирањето, барем според портпаролот на WhatsApp, но не е познато колку корисници биле известени за планираното ажурирање, велат од TechCrunch

Бројот на корисници на WhatsApp продолжува да расте, но точните бројки не се објавени.

WhatsApp имаше 3,45 милијарди активни корисници месечно на 31 март, што е пораст од 31 декември 2020 година кога имаше 3,3 милијарди, како и 30 септември 2020 година кога го користеа 3,21 милијарди корисници.

Корисниците кои не ги прифаќаат новите правила нема да го изгубат пристапот до своите сметки на 15 мај, но ќе изгубат неколку клучни карактеристики во наредните недели.

Од 2016 година, според правилата за употреба, WhatsApp има право да споделува информации за корисничките броеви и нивните уреди со Facebook. Новите правила им овозможуваат на WhatsApp и Facebook да споделуваат информации за плаќање и трансакции.

Слични содржини