Бројот на лица по кои се трага по катастрофалните пожари на Хаваите е меѓу 1.000 и 1.100

од Radmila Tasevska

Бројот на лица по кои се трага после пожарите на островот Мауи на Хаваите сега изнесува меѓу 1.000 и 1.100, рече на брифинг Стивен Мерил, специјален агент на Федералното биро за истраги задолжен за истрагата околу оваа трагедија.

Тоа е повеќе од бројот објавен во неделата од градоначалникот на Мауи, кога се дозна дека се трага по 850 имиња. Полицијата предупреди дека судбината на многу лица од списокот можеби никогаш нема да се дознае, јави Ен-пи-ар.

„ФБИ работи на консолидација на информацијата добиена од повеќе извори – полицискиот оддел во Мауи, Црвениот крст и агенциите за вонредни состојби“, изјави Мерил.

Тука спаѓаат и списоци составени од Центар за семејна помош, кој помага во собирање ДНК примероци од членови на семејството за идентификација на жртвите oд катастрофалните пожари на Мауи на почетокот на месецов.

Мерил изјави дека вкупниот број имиња ставени во овие списоци изнесува 2.500, но тоа не значи дека толку се исчезнати.

-Дел од информацијата е многу двозначна. Во некои извештаи не се ставени или името или презимето, или нема ден на раѓање за лицето во списокот. Имињата на некои лица се повторуваат, изјави специјалниот агент.

Додаде дека од жртвите досега идентификувани се 1.400 лица. Бројот на загинати во пожарите на островот засега изнесува 115 лица.

Слични содржини