БРОЈОТ НА МИЛИОНЕРИ ДРАМАТИЧНО СЕ ЗГОЛЕМИ ВО ГЕРМАНИЈА: 60% од нив ги заработиле парите преку сопствени компании

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Бројот на милионери драматично се зголеми во Германија за време на пандемијата, објави Дестатис во средата. Бројот на граѓани кои пријавиле најмалку еден милион оданочливи евра во 2021 година се искачи на околу 34.500.

Тоа се 5.200 или 18 проценти повеќе милионери отколку пред една година, велат статистичарите, истакнувајќи дека толку голем скок делумно може да се припише на порастот на силната инфлација.

Најголемиот број милионери, 60 проценти, ги заработиле парите преку сопствени компании. Самовработените сочинувале 15 проценти, а вработените 19 проценти.

Просечниот износ на даночната пријава бил 2,8 милиони евра. Во највисоката даночна категорија, која се оданочува со стапка од 45 проценти, во 2021 година имало 134.000 даночни обврзници.

Тие учествувале со 0,3 проценти од сите случаи во земјата, платиле 7,8 проценти од својот приход и пријавиле 15,7 проценти од вкупниот оданочлив износ.

Слични содржини