259
Минатата година бројот на новороденчиња во Словенија падна на 16.800, што е за пет отсто помалку од претходната година и најмал број откако се води евиденција од 1922 година, покажуваат прелиминарните податоци на словенечкиот Завод за статистика (СУРС).
Најважна причина за падот на бројот на новороденчиња во последните години е падот на бројот на жени во репродуктивна возраст, меѓу 15 и 49 години, објави СТА.
Нивниот број се намалил за 18 отсто во периодот од 2000 до 2022 година, изјави Мартин Бајжељ, претставник од СУРС.