249
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и шефот на Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох, Лотар Вилер објавија дека бројот на заболени од коронавирус опаѓа во Германија, но сметаат дека мерките за затворање, и покрај подобрувањето на епидемиолошката состојба, мора да останат на сила.
„Се наоѓаме на врвот на пандемијата, а во исто време почнавме да излегуваме од пандемијата“, рече министерот за здравство Јенс Шпан на прес-конференција за епидемиолошката состојба во Германија.
Тој објасни дека бројот на новозаболени лица во последните денови „влева надеж“ и е доказ дека владата дејствува во „вистинската насока“.