Бројот на жртвите од пожарите на хавајскиот остров Мауи се искачи на 80, а спасувачките тимови со обучени кучиња ги пребаруваат урнатините на Лахаин.
Локалните власти се обидуваат да утврдат како пожарот толку брзо се проширил низ познатото хавајско одморалиште без никакво предупредување, пренесува Ројтерс.
Овие пожари на Мауи се сметаат за најсмртоносната природна катастрофа во историјата на оваа американска држава, потешка од бројните цунами во минатото, од кои оној што го погоди Големиот остров на хавајскиот архипелаг во 1960 година уби 61 лице.