Бројот на Закерберг меѓу протечените податоци од Фејсбук

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Бројот на мобилниот телефон на извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг е еден од протечените лични податоци на 553 милиони корисници на таа социјална мрежа што хакерите ги објавија на Интернет, пишува британски „Дејли меил“.

Името, локацијата и брачниот статус на Закерберг, датумот на раѓање и корисничката легитимација на Фејсбук беа меѓу многуте украдени лични податоци објавени на хакерскиот форум во саботата, потврди истражувачот за сајбер безбедност Дејв Вокер.

Тој се пошегува, велејќи; „Ако новинарите се обидуваат да добијат изјава од Фејсбук, можеби треба само да се јават на овој број?

Според „Дејли меил“, протекле и личните податоци на Крис Хјуз и Дастин Московиц, коосновачите на Фејсбук.

Портпарол на Фејсбук изјави дека станува збор за стари податоци кои претходно биле пријавени во 2019 година.

„Овој проблем го најдовме и го решивме во август 2019 година“, тврдат од Фејсбук.

Се чини дека базата на податоци е иста група на бројки што кружат во хакерски кругови од најмалку јануари, според Алон Гал, ко-основач на израелската фирма „Хадсон Рок“ за разузнавање за компјутерски криминал.

Податоците се продадени и препродавани меѓу компјутерски криминалци веќе некое време, но истекувањето на информациите во саботата на хакерски форум сега ги прави во суштина бесплатни, според лондонскиот весник.

Слични содржини