Бројот на жртви во полициската акција во Бразил се искачи на 28

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Бројот на жртви во операцијата на бразилската полиција против нарко бандата во фавела во Рио де Жанеиро, што беше спроведена во четвртокот, се зголеми на 28, соопшти полицијата.

Како што беше наведено, разузнавачките податоци потврдија дека жртвите биле дилери на дрога кои пукале кон полицијата, пренесува „Ројтерс“.

Претходно беше објавено дека во операцијата биле убиени 25 лица, меѓу кои и еден полицаец.

Акцијата предизвика критики од групите за човекови права, кои тврдат дека била употребена прекумерна и непотребна сила.

Агенцијата за човекови права на ООН во петокот повика на независна истрага за операцијата.

Пукањето се случило во сиромашното предградие на Рио де Жанеиро, Jacакарезиње.

Слични содржини