Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 121

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во североисточниот дел на Бразил се искачи на 121, а по три лица се уште се трага, пренесува бразилскиот портал G1.

Според локалните власти, повеќе од 7.300 луѓе останале без покрив над главата.

Во некои области во североисточниот дел на Бразил, во текот на викендот падна повеќе дожд отколку што се очекуваше да падне во текот на месец мај.

Слични содржини