Бројот на жртвите од поплавите во Белгија и западна Германија се искачи на 168, соопштија властите.
Полицијата соопшти дека најмалку 141 лице загинало во Германија, за време на најголемата природна катастрофа во последните 50 години во земјата, вклучувајќи 98 лица во Арвејлер, јужно од Келн.
Стотици луѓе се водат како исчезнати или во моментов недостапни поради високите нивоа на вода.
Комуникациските линии во некои делови на Германија не се во функција, а напојувањето е прекинато.
Најмалку 43 лица го загубија животот во градот Васенберг во близина на Келн.
Во меѓувреме, бројот на загинати во Белгија се зголеми од 24 на 27, а 103 лица се водат како исчезнати или не може да се стигне до нив поради високите нивоа на вода.