Бројот на жртвите во Појасот Газа откако Израел му објави војна на Хамас се искачи на 3.785, од кои 1.524 деца, 1.000 жени и 120 постари лица, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.
Ранети се 12.493, меѓу кои речиси 4.000 деца и 3.300 жени.
Израел тврди дека стотици луѓе биле убиени во експлозии на ракети кои не ја прелетале границата, вклучително и онаа што предизвика смртоносна експлозија на паркинг на болница во Газа во вторникот вечерта, јавуваат израелските медиуми.
Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа, тврди дека експлозијата во болницата била резултат на израелски воздушен напад.
Израел наведува и дека на негова територијата биле убиени 1.500 екстремисти.
Во Израел загинаа најмалку 1.400 луѓе, повеќето цивили, најмногу во нападот на Хамас, кој на првиот ден од војната, на 7 октомври, ја проби граничната ограда и влезе во населените места.
Хамас потоа зароби и одведе околу 200 луѓе во Појасот Газа, вклучувајќи жени, деца и постари лица.