Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, неодамна се ожени со богатата наследничка Никола Пелц.
Нивната венчавка привлече големо внимание во јавноста, а од претходно се шпекулираше дека Никола и Викторија не се во добри односи, а дека самиот Бруклин се одалечил од семејството поради сопругата.
Сепак, и Викторија и Никола постојано нагласуваат дека нема вистина во овие приказни и тврдат дека сите одлично се сложуваат, иако нивните постапки навистина не го покажуваат тоа.
Бруклин Бекам сега ги изненади сите со објава на Инстаграм кога се фотографираше себеси и сопругата во огледало од бања.
Имено, Никола беше топлес, а градите ги покри со рацете. Многумина беа изненадени што Бруклин објави ваква фотографија од сопругата и му напишаа дека само вака сака да привлече внимание.