327
Бруклин Бекам, син на фудбалерот Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, привлече големо внимание со објава на Инстаграм.
Имено, тој прифати предизвик кој кружи на споменатата социјална мрежа, а на крајот заврши во солзи.
Бруклин имал задача да јаде еден вид чипс од тортилја кој се состои од многу лути зачини, поточно е зачинет со семе од најлутата пиперка на светот. Целта на овој предизвик е човекот да издржи што подолго без да испие нешто откако ќе изеде парче зачинет чипс.
Меѓутоа на синот на славниот пар, откако го изел чипсот, брзо започнале да му течат солзи и морал да испие малку млеко.