Вокалот на Iron Maiden – Брус Дикинсон, ќе ги здружи силите со американскиот дистрибутивен синџир “Harrods” и ќе отвори своја продавница за приватни авиони.
Тој се очекува да биде официјално отворен на крајот на овој месец и ќе биде спонзориран од “Aeris Aviation” – компанија за продажба на авиони, на која Дикинсон е претседател.
Продавницата на познатиот музичар сепак ќе продава само летала од специјално производство, а меѓу најскапите авиони ќе биде и моделот Eclipse 550 во вредност од 3,4 милиони долари.Оваа цена сепак е мала во споредба со поскапите модели на пазарот како Gulfstream G650, кои можат да достигнат до речиси 64 милиони долари.
