843
Откако му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, Брус Вилис се пензионираше и се помалку ќе се појавува во јавноста.
Актерот по долго време бил фотографиран во друштво на пријатели додека од автомобилот ги гледал минувачите.
Како што неодамна објавија медиумите, неговиот близок пријател и соработник Квентин Тарантино сака да му понуди кратка улога во неговиот најнов филм „The Movie Critic“, чие снимање ќе започне во септември, пишува „24sata.hr“.
Да потсетиме дека на Брус првично му беше дијагностицирана афазија, односно форма на болеста со слични симптоми на деменција.