Брус Вилис првпат виден во јавноста откако му беше дијагностицирана болеста (ФОТО)

од Radmila Tasevska
390 прегледи

Холивудскиот актер Брус Вилис (67) првпат беше виден во јавноста откако неговото семејство откри дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

На фотографиите до кои дојде Дејли Мејл, Вилис можеше да се види на ноќно излегување со двајца пријатели во Калифорнија. Актерот во таа прилика носел сива капа, син дуксер и црни панталони и црн часовник. Актерот се повлече од актерството минатата година кога почна да се бори со афазија.

Трагичниот пад на когнитивните способности на Брус Вилис (67) можеше да се види во неговите последни неколку филмови, пред да се откаже од глумата поради дијагностицирана афазија.

Во последните три години пред пензионирањето, Вилис сними дури 22 филма со просечен квалитет кои веднаш завршија на стриминг, а повнимателните гледачи можеа да забележат постепено влошување на состојбата на актерот во нив.

Слични содржини