Сопругата на Брус Вилис: „Мојата љубов и обожавање кон него само расте“

од Radmila Tasevska

Откако на почетокот на 2023 година беше откриено дека големата актерска ѕвезда Брус Вилис боледува од фронтотемпорална деменција, семејството изгледа поповрзано од кога било. Болеста уште повеќе го зближила целото семејство, но никој не знае колку време му преостанува на Брус, па го користат секој момент што го имаат со него.

Ниту Ема Хеминг Вилис не ја пропушти можноста да ја прослави 16-годишнината од бракот со актерот, која на Инстаграм се присети на посреќни денови.

Двојката се запознала во 2007 година во теретана и им биле потребни две години за да сфатат дека имаат заедничка иднина. Тие се венчаа во 2009 година на имот на островите Туркс и Каикос (дел од британските прекуморски територии), а шест дена подоцна во канцеларијата на матичарот во Беверли Хилс. Во новата објава, Ема откри дека нејзината љубов кон саканиот сопруг продолжува да расте.

„16 години со овој посебен човек. Мојата љубов и обожавање кон него само расте“, напиша таа во објавата посветена на нивната 16-годишнина од брак, цитира Стандард лајф.

Фотографиите пред бујното зеленило поттикнаа многу фанови да им посакаат среќа, особено на Вилис, чија состојба не се подобрува.

Откако дијагнозата беше објавена на почетокот на годината, состојбата на Вилис се влоши, а семејството неволно признава дека не знаат колку време му преостанува и колку ѕвездата е свесна за светот околу него.

„Се борам со чувството на вина, знаејќи дека имам ресурси што другите ги немаат“, напиша Хеминг во ноември.

Слични содржини