„Бруталист“ големиот победник на 82-тото доделување на Златните глобуси

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Нискобуџетниот филм „Бруталист“, драма за поединец кој го преживеа холокаустот и оди во САД за да стане архитект, е големиот победник со три награди на овогодинешното 82. доделување на Златните глобуси.

„Бруталист“ е прогласен за најдобар филм во категоријата драма, Адриен Броди ја доби наградата за најдобар актер за улогата во тој филм, а Бренди Корбет за најдобар режисер, пренесе „Гардијан“.

Броди, кој претходно изгуби Златен глобус за „Пијанист“ пред да добие Оскар, го нарече филмот „приказна за човечката креативност“. Тој рече дека мисли дека ваква можност никогаш повеќе нема да му се укаже, а потоа додаде дека се надева дека филмот ќе ги инспирира имигрантите.

Крими-мјузиклот на „Нетфликс“ „Емилија Перез“, филмот со најмногу номинации, доби четири награди: најдобар филмски мјузикл или комедија, најдобра споредна женска улога за Зои Салдана, најдобра оригинална песна и најдобар филм на јазик различен од англискиот.

Слични содржини