Брз колач со ореви и јаболка

од Vladimir Zorba
585 прегледи

Брз рецепт за вкусен колач со ореви и јаболка.

Состојки:

2 јајца

200 гр шеќер

200 мл масло

200 мл млеко

200 гр мелени ореви

200 гр гриз

200 гр брашно

2 рендани јаболка

1 кесичка прашок за пециво

1 кесичка ванилин шеќер

малку рум

50 гр џем по избор

50 гр сечкани ореви

Подготовка:

Во соодветен сад измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се запенат.

Додадете масло, млеко, јаткасти плодови, гриз и брашно измешано со прашокот за пециво.

На крајот измешајте ги изренданите јаболка и румот и истурете ја смесата во намрсена и набрашнета тава.

Подготвената смеса печете ја во рерна загреана на 190 степени 30 до 35 минути.

Испечениот колач премачкајте го со џем по избор и посипете со мелени ореви.

Исечете го колачот на коцки, а потоа посипете го со шеќер во прав и цимет.

На Здравје!

Слични содржини