294
Состојки (за четири лица):
– Девет кришки леб за тост
– Три големи лажици кечап
– Една голема лажица маслиново масло
– Зачини оригано, босилек, бибер, сол
– 150 грама чадена шунка
– 150 грама рендана гауда
– Три парчиња свежи домати
Подготовка:
Наредете ги кришките тост на плех обложен со хартија за печење. За преливот измешајте кечап, маслиново масло и зачини. Премачкајте го секое парче. Шунката исечкајте ја на парчиња и наредете ја рамномерно на секое парче. Одозгора ставете го ренданиот кашкавал и на крај по еден прстен од свежите домати. Посипете со оригано.
Се пече во загреана рерна на 200 степени 10 минути.