Брза Цезар салата

од Stefanija Kuzmanovska

Салата е секогаш добар предлог за ручек.

Состојки:

– 1 главица зелена салата

– 250 гр печено бело пилешко месо

– 100 гр кубети

– 50 гр пармезан

– 50 мл маслиново масло

– 2 лажици сок од лимон

– 1-2 чешниња лук

– 1 кафена лажичка сенф

– сол, бибер по желба

Подготовка:

Добро измијте ја салатата, исушете ја и исечете ја на помали парчиња. Ставете ја во поголем сад.

Исечете го печеното пилешко и додајте го во салатата заедно со кубетите.

Половина од пармезанот се сече на долги ленти и се додава во салатата.

Остатокот од пармезанот ситно се ренда и се меша со маслиново масло, сечкан лук, сок од лимон и сенф. По желба додадете сол и бибер.

Со добиениот сос прелијте ја салатата и послужете веднаш.

Слични содржини