„Брзи и бесни 8“ може да е првиот холивудски филм снимен во Куба

од Vladimir Zorba
72 прегледи

“Брзи и бесни” 8 може да се претвори во првата холивудска продукција, делумно снимена во Куба, соопштува “Индипендент”.4582199

Од студиото „Јуниверсал” се надеваат дека ќе го искористат изведувачкиот потенцијал на комунистичкиот остров во услови на затоплување на дипломатските односи меѓу Хавана и Вашингтон. На американски државјани сè уште им е забрането да ја посетуваат Куба со туристичка намена, но претседателот Барак Обама се погрижи да се патува полесно до островот заради истражувачки и бизнис прилики.

Од холивудската компанија ќе има корист од тоа и таму ќе се снимаат познатите од “Брзи и бесни” ѕвезди Вин Дизел, Мишел Родригез, Лудакрис и Тајрис Гибсон возејќи во нов егзотичен амбиент.

Интернационалниот пристап е добро познат на фановите на серијата од претходните филмови кои  беа фотографирани во Јапонија, Бразил и Абу Даби. Режисерот на осмиот дел Ф.Гари Греј веќе ја посетил Куба, за да избере соодветни филмски локации.

Во моментов се собираат потребните документи. “Јуниверсал пикчрс” чека одобрение од американската и кубанската влада, за да сними дел од следниот филм од серијалот “Брзи и бесни” во Куба “, изјави портпаролот на студиото.

Од британскиот весник потсетуваат  дека сагата за илегални автомобилски натпреварувања и грабежи на банки има многу латиноамериканци фанови. Почетокот на снимањето на продукцијата “Брзи и бесни” 8 е закажан за оваа пролет, а другите филмски локации се во државите Њујорк и Атланта. Почетниот датум на излегување на филмот во кината е 17 април 2017 година.

Досега единствениот американски филм, снимен во Куба по изрекувањето на трговското ембарго во 1962 година, е независно продуцираната драма “Папа” со Џовани Рибизи.