Бучковски: Ќе се реши спорот со Бугарија, но не брзо како што очекува јавноста

213 прегледи

Ќе се надмине спорот со Бугарија, но не толку брзо изгледа и како што очекува јавноста, посочи по средбата со Османи, назначениот претставник од Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

Професорот е убеден дека неговото искуство ќе биде пресудно за преговорите со соседна Бугарија и ќе помогне да се придвижи напред процесот на преговорите.

„Не само во делот на историските прашања, од друга страна и во инфраструктурните проекти, заедничките капитални проекти, соработката во образованието, културата… е голем предизвик и мислам дека амбициозниот план на МНР е дополнителен предизвик да настапиме во овој период кога не знаеме дали за една недела може да се случи чудо“, исто така посочува Бучковски.

 

Слични содржини