Бучковски: Низ „нагазните мини“, Македонија се обидува да го деактивира минското поле со Бугарија

362 прегледи

Професорот Владо Бучковски, кој инаку е назначен претставник за преговорите со Бугарија на новинарско прашање воденешното гостување во Студио 10, дали Бугарија има искрени намери без да го задирне најсветото – идентитетот, вели:

„Упорно ми кажувате дека јас лесно го сфаќам ова. Не е така, јас прифатив да помогнам со моето искуство. И треба да го штитиме доминантното мислење. Не сакаме Македонија да биде новата Турција.

Низ „нагазните мини“, Македонија се обидува да го деактивира минското поле. Ние сакаме формула која ќе заштити се што е наше. Мислевте дека Германија ќе ни го реши проблемот? Не, ние сами ги исцртавме црвените линии, реално ние околу толкувањето на заедничката историја дозволивме да има компликации во овие преговори. Треба да се вратиме на Договорот и таму да ги најдеме решенијата“, вели Бучковски.

Обидот што го направи Заев во интервјуто за БГНЕС, според Бучковски, беше порака до Бугарија дека нема табу теми, и не гледа апсект што го загрозува нашиот антифашистички карактер.

Слични содржини