Бучковски: Португалското претседателство е нова шанса

249 прегледи

Во рамки на Договорот за соработка и пријателство, патоказ треба да биде еден од алатките за интензивирање на реализација на овој договор, вели во своето гоствување на Топ тема, специјалниот пратеник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

„Во интензивна комуникација што ја правиме со Министерството за надворешни работи на Бугарија очекувањето од наша страна е да ги добиеме евентуалните забелешки и дополнителни предлози за акцискиот план. Значи, патоказот или патната карта, како што ја нарекуваат, треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на Договорот за соработка и пријателство. Мислам дека тоа би требало да го добиеме веќе после Нова година, што би било еден позитивен импулс дека ќе имаме нова, посериозна шанса би рекол пред парламентарните избори да видиме дали можеме да изнајдеме компромис за неколкуте отворени прашања“, истакна Бучковски.

Како што вели Бучковски,тимот интензивно се координира, се обидува да биде проактивен, да покаже подготвеност од наша страна и покрај разочарувањето дека нема откажување.

-Португалското претседателство е нова шанса. Пред изборите во Бугарија ќе се обидеме да ги дефинираме и убеден сум дека ќе ги дефинираме оние прашања кои се најприоритетни да ја вратиме довербата, изјави Бучковски за ТВ Телма.

Слични содржини