Будимпешта: Демонстранти на улиците додека парламентот расправа за предлог на владата на Орбан (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Околу илјада демонстранти денеска блокираа мост во централна Будимпешта додека парламентот расправаше за предлогот на владата на премиерот Виктор Орбан да ја зголеми даночната стапка за стотици илјади мали бизниси, изјави сведок за „Ројтерс“.

Демонстрантите прво се собраа на главниот плоштад пред парламентот, а потоа маршираа до блискиот мост на реката Дунав.

Тие го блокираа и сообраќајот во двата правци меѓу двете страни на Будимпешта, со силно полициско присуство.

Слични содржини