Бугарија пред нова политичка криза: Пратениците не ја поддржаа владата на Габровски

од Nikola Popovski

Пратениците во Бугарското собрание не го поддржале Николај Габровски за нов премиер на државата, јавуваат бугарските медиуми.

Овој исход ја пролонгира политичката криза и ја приближува земјата до нови предвремени избори.

Габровски (51), по професија неврохирург, не ја доби потребната поддршка во парламентот. За неговиот предлог за технократска влада гласале 113 од вкупно 240 пратеници во бугарската институција.

Според прописите, кога кандидатот за премиер нема да биде одобрен од Народното собрание, не се гласаат за следните две одлуки за структурата и составот на кабинетот.

Бугарите излегоа на гласање дури четири пати во претходните 18 месеци.

Слични содржини