„Бугари од Македонија” со онлајн петиција за одземање на бугарски пасоши на Македонци

од Radmila Tasevska
329 прегледи

Членовите во социјалната група ,,Бугари од Македонија”, со онлајн петиција со која бараат одземање на бугарско државјанство на лица од Македонија, кои ширеле омраза кон Бугарија.

Во петицијата е наведено дека групата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат кон петицијата, да им се одземе бугарското државјанство на граѓаните на Северна Македонија, кои денес ширеле омраза кон Бугарија.

Собрани се веќе стотици потписи, а во коментари многумина порачаа дека треба јавно да бидат објавени имињата на сите од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако помеѓу нив има и политичари.

-Ова е прашање за Референдум, пишуваат голем број Бугари кои се членови во групата ,,Бугари од Македонија”, а чести се и коментарите да се објават имињата на Македонци кои со бугарски пасоши живеат во ЕУ.

-Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата Власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот! – е еден од коментарите на темава.

Освен што бројот на потписи за кратко време е многу голем, има и многу споделувања на социјалните мрежи.

Слични содржини