Членовите во социјалната група ,,Бугари од Македонија”, со онлајн петиција со која бараат одземање на бугарско државјанство на лица од Македонија, кои ширеле омраза кон Бугарија.
Во петицијата е наведено дека групата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат кон петицијата, да им се одземе бугарското државјанство на граѓаните на Северна Македонија, кои денес ширеле омраза кон Бугарија.
Собрани се веќе стотици потписи, а во коментари многумина порачаа дека треба јавно да бидат објавени имињата на сите од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако помеѓу нив има и политичари.
-Ова е прашање за Референдум, пишуваат голем број Бугари кои се членови во групата ,,Бугари од Македонија”, а чести се и коментарите да се објават имињата на Македонци кои со бугарски пасоши живеат во ЕУ.
-Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата Власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот! – е еден од коментарите на темава.
Освен што бројот на потписи за кратко време е многу голем, има и многу споделувања на социјалните мрежи.