Бугарската влада денеска одобри повеќе од 1,5 милијарди лева (867 милиони долари) како дел од четиримесечниот пакет мерки за да им помогне на компаниите да се справат со зголемените цени на енергијата во зимските месеци, изјави премиерот Кирил Петков.
Центристичката коалициска влада, чиј мандат започна овој месец, рече дека програмата има за цел да го ублажи влијанието на високите цени на електричната енергија врз индустријата и бизнисите и да ги заштити топланите од високите трошоци за природен гас од декември до крајот на март.
„Цените на струјата достигнаа нови рекорди. Во наредните месеци ќе обезбедиме поддршка од над 1,5 милијарди лева“, изјави премиерот Петков пред новинарите по седницата на Владата.