БУГАРИЈА ЧЕКА НОВА ВЛАДА Претседателот Радев му даде мандат на Жељазков, гласање во парламентот ќе следи по 6-ти вонредни избори за 3 години

од Илинка Илиоска
97 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на поранешниот претседател на парламентот Росен Жељазков, чија партија Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) освои најмногу гласови на изборите одржани на 8 јуни.

Жељазков изјавил дека предлага формирање малцинска влада, пренесува Ројтерс.

Тој предлог Радев ќе го проследи до парламентот, за да гласаат пратениците.

На шестите вонредни избори во последните три години, ГЕРБ освои 68 од 240 места во парламентот, но потребна ѝ е поддршка од најмалку уште две партии за да формира влада.

Последните избори произлегоа од падот на коалициската влада на ГЕРБ, која го помина поголемиот дел од претходните 15 години на власт, и релативно новата партија Продолжи со промените.

Продолжи со промените освои 39 пратенички места во јуни, помалку од Движењето за права и слободи, кое главно го претставува турското малцинство.

Таа партија освои 47 пратенички места, а ултранационалистичката партија Препород освои 38.

Слични содржини