Бугарија достави акциски план за спроведување на договорот

од Берта Китинска
340 прегледи

Специјалниот претставник на РСМ, Владо Бучковски е во неколкудневна посета на Софија каде оствари средба со тамошната министерка за надворешни работи.

Шефицата на дипломатијата на соседна Бугарија,  Екатерина Захариева на специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) , на вчерашната средба му предложи акционен план за соработка.

Според бигарските медиуми овој документ, се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

„Она што го добивме како одговор од Бугарија е всушност нивно гледање на нашиот Акциски план, односно размена на идеи по однос на тој план и наредниве денови треба да го разгледаме внимателно, да видиме што од тоа може да се реализира, што може да биде спорно, појасна позиција ќе имаме откако ќе го разгледаме, но се работи за одговор на нашиот Акциски план“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Телма

Акцискиот план, како што посочи, го предложил на неговата прва посета во Софија како начин да се воспостави прецизна агенда помеѓу линиските министерства во нивната соработка за потоа да го предложат како конкретен план на задачи и активности откако направиле внатрешна координација со сите министерства за сите проекти кои се во тек, се закочени или се планираат.

„Бевме договорени дека Република Бугарија ќе одговори на тој наш акциски план. Јас имав комуникација минатата недела со министерката за надворешни работи Захариева и бев во очекување на нивниот одговор“, рече Османи.

Во своето гостување во Топ тема, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, потенцираше меѓудругото и дека спорен целиот пристап бидејќи бугарската страна се повикува на преспанскиот договор кога се однесува на придавката македонски.

„Досега комисијата има усогласено 5 историски личности, 2 историски периоди се начелно усогласени тие треба да се преточат во конкретни препораки за учебниците, тука имало некоја разлика на последната комисија дали се тоа истите текстови кои се усогласени за заедничко одбележување треба да бидат основа и за препораки за учебниците мислам дека таа разлика треба брзо да се надмине меѓу комисиите и со тоа да биде добра основа да се продолжи понатму…“

„Тука е малку спорен целиот пристап бидејќи бугарската страна се повикува на преспанскиот договор кога се однесува на придавката македонски меѓутоа не го прифаќа преспанскиот договор краткото име и тој пристап на бирање на прашања којшто може од преспанскиот договор, ние сметаме дека е непринципиелен сметаме дека двата договора се важни и треба да се прифатат такви какви што се. Ниту Бугарија може да бира или да прифати или не прифати нешто од преспанскиот ниту ние можеме да прифатиме или не прифатиме во Договорот за добрососедски односи“, посочи шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Од МНР најавуваат дека деновиве ќе се разменуваат предлози од двете страни, а според аналитичарите, Македонија сега не мора да брза да најде решение за уцените на источниот сосед се додека таму не завршат парламентарните избори во март.

Слични содржини