Бугарија ги разгледува можностите како да донира вакцини за С. Македонија

од Берта Китинска
239 прегледи

Извршниот директор на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов изјави денска за БТВ дека властите во државата разговараат за донирање вакцини за Северна Македонија.

– Таква беше стратегијата на ЕК – да склучува договори со поголем број производители, за да може да се минимизираат ризиците поврзани со производството. Владата преговара со разни земји. Знам за договори со Северна Македонија. Начинот на кој тоа треба да се случи се дискутира и со ЕК. Во оваа фаза се коментира за донација, но се разгледуваат и можностите за препродажба, рече Кирилов.

Во врска со фактот дека до крајот на годината се очекува да пристигнат 14 милиони вакцини во Бугарија Кирилов посочи дека тие активно работат за донации на извесни количини.

Слични содржини