Бугарија и Грција треба да соработуваат во дипломатски однос за прекинувањето на војната во Сирија. Ова гледиште го изразил грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за време на состанокот со првиот дипломат на Бугарија- Даниел Митов.

430x319
За време на средбата Митов ги одредил бугарско-грчките односи како традиционално исклучително добри. Тој посочил и за изгледите за проширување на врските меѓу Софија и Атина во динамичната геополитичка ситуација во која двете страни треба да имаат заеднички позиции.

Грчкиот претседател разговарал со првиот буграски дипломат за проблемот со бегалската бран. Тој изразил уверување дека како Атина, така и Софија имаат истото позиција кон луѓето кои бегаат од војната. Според зборовите на грчкиот претседател ова е дел од културата и психологијата на двата народа.

Пред тоа Митов изразил личното сочувство за случувањата во Егејското Море. Таму речиси секојдневно се дават луѓе, како многу од жртвите се мали деца, во обидот да се спасат од катастрофата на војната.

Слични содржини