Бугарија и Хрватска се најсиромашни земји во ЕУ

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Според последните податоци на Евростат, Бугарија и Хрватска се најсиромашна земји-членки на ЕУ..

Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинствата.

Најбогат е Луксембург, што е за 35% над европскиот просек. Следува Германија со 22 проценти.

Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 проценти над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.

Таа година, двете земји беа со 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци за 2019 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 66 проценти.

Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција, која според потрошувачка е 78 проценти од просекот на ЕУ.

Слични содржини