БУГАРИЈА ЈА КРИТИКУВА АСТРАЗЕНЕКА: Ни ја одзедовте надежта!

од Nikola Popovski

Бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов ја критикуваше компанијата „АстраЗенека“ дека не ја почитува договорената испорака на вакцини и побара итна распределба на 52.800 дози, кои беа одложени за 1 март, со порака дека оваа фармацевтска компанија им ја одзема надежта на бугарскиот народ.

Со остар тон, Ангелов напиша дека неуспехот на АстраЗенека да ги достави договорените вакцини „ја компромитира масовната кампања за вакцинација што Бугарија ја започна минатата недела“, објави Ројтерс.

Многу Бугари побрзаа да добијат вакцини во саботата, зголемувајќи го бројот на имунизирани граѓани, но брзо останаа без дози на АстраЗенека.

Британско-шведската компанија ѝ соопшти на Европската унија дека ќе ги намали испораките за 60 проценти поради проблеми со производството.

Според шемата на ЕУ, Бугарија нарача 4,5 милиони дози од вакцината на АстраЗенека, кои треба да пристигнат во следните седум месеци.

Испораката на 142,400 дози, потврдена на 15 февруари, сега е одложена за 1 март и е намалена за две третини, се вели во писмото на Ангелов.

„Поради недостаток на вакцини што беа договорени со вашата компанија, беше испратена порака до бугарскиот народ: -АстраЗенека ви ја одзеде надежта од рацете“, се заклучува во писмото.

Слични содржини