Министерството за надворешни работи на Бугарија ја отфрли нотата на руската амбасада со која се бара од бугарското Министерство за надворешни работи да ја повлече одлуката за протерување на 70 вработени во руските дипломатски претставништва.
Остана на сила одлуката за отповикување на 70 руски дипломати и вработени во руските дипломатски претставништва. Тие ќе мора да ја напуштат Бугарија до 3 јули.
Да потсетиме, вчера руската амбасада ја предупреди Бугарија на можни исклучително сериозни последици за односите меѓу двете земји, поради одлуката што ја донесоа.
– Сметаме дека прогласувањето на 70 вработени во руските странски институции во Бугарија за персона нон грата е невиден, клеветнички и апсолутно неоснован и провокативен чин што ги поткопува темелите на нашите односи. Русија целосно ги отфрла овие наводи – соопшти руската амбасада, а пренесе ТАСС.